• сабота, 23 ноември 2024

Сојуз за Србија: Не ги прифаќаме изборните резултати што Вучиќ ги соопшти

Сојуз за Србија: Не ги прифаќаме изборните резултати што Вучиќ ги соопшти

Белград, 18 декември 2023 (МИА) - На последната прес конференција на коалицијата Србија против насилството“ соопштено е дека оваа каолиција не може да ги прифати изборните резултати и на државно ниво и во градот Белград „онака како што ги соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ“ и ќе бараат од РИК да им се достават „физичките записници од лице место“, обвинувајќи притоа за „невидено изборно насилство“, јави дописникот на МИА од Белград.

Мирослав Алексиќ, носител на листата „Србија против насилство“ изјави дека денеска биле сведоци на „невидено изборно насилство“.

-Денеска видовме нешто што не беше пракса, луѓето кои не живеат во Белград беа донесени да гласаат како да се белграѓани. Собирниот центар беше Арената и за тоа имаме информации што ќе ги презентираме. Не можеме да го прифатиме ова како резултат на фер и демократски избори, рече тој.

Алексиќ повтори дека сè уште не ги добиле сите гласови, бидејќи се пребројуваат и дека резултатите нема да ги знаат до доцна во ноќта, но извесно е дека на парламентарните избори СНС го освои првото место, нивната коалиција второ, следи СПС, Нов ДСС- Нада и „Ние, гласот на народот“.

Тој додаде дека во Белград биле пребројани мал број гласови.

-Сигурно е дека во овој момент не станува збор дека СНС победил во Белград. Според нашите проценки, во Белград се издадени 40.000 лични карти на луѓе кои не живеат овде. И покрај тоа, СНС и ние сме донекаде еднакви, но најголемите избирачки места се уште не се преброени, рече тој.

Носителот на изборната листа „Србија против насилството“, Мариника Тепиќ изјави дека апсолутно не го прифаќаат соопштението за изборите во Белград како што го претстави СНС и дека ќе ги употребат „сите демократски средства за одбрана на волјата на сите граѓани на Србија. “.

-Сосема е јасно дека во Белград опозициските партии добија повеќе гласови од партиите кои досега ја претставуваа власта во главниот град, изјави претседателот на Партијата на слободата и правдата, Драган Ѓилас.

Откако ќе ги добијат сите податоци, кажа тој , ќе поднесат приговори, ќе одат во РИК и ГИК, а ќе се договорат и да побараат поддршка од граѓаните на Белград на начин што одговара на ситуацијата.

-Она што е јасно е дека нема да употребиме никакво насилство. Ние сме листа која се бори против насилството и за пристојност, нормалност, демократија и правото на граѓаните да гласаат слободно. Добро знаете дека листата на Александар Вучиќ имаше најмалку 10 отсто повеќе благодарение на медиумската тортура на која сме изложени, дека притисокот врз гласачите беше огромен, дека имаше купување гласови, рече Ѓилас.

На прашањето дали повторно ќе има протести, тој одговори - се е можно. об/сд/

Остани поврзан