• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сојузот на бунтовници во Мјанмар прогласи еднострано примирје

Сојузот на бунтовници во Мјанмар прогласи еднострано примирје

Најпидо, 1 април 2025 (МИА) – Сојузот на бунтовници во Мјанмар денеска објави едностран прекин на огнот со владејачката воена хунта, со цел да овозможи пристап на меѓународната хуманитарна помош за справување со последиците од разорниот земјотрес што ја погоди земјата минатата недела.

Сојузот составен од Алијансата на трите братства, составена од Армијата на Националната демократска унија на Мјанмар, Националната ослободителна армија Танг и Армијата Аракан, прогласи еднострано едномесечно примирје.

- Силно сакаме итните хуманитарни напори, што се потребни за населението погодено од земјотресот, да се спроведат што е можно побрзо и ефикасно, се наведува во соопштението на Сојузот на бунтовници.

Мјанмар на 28 март беше погоден од голем земјотрес со интензитет 7,7 степени, со епицентар во близина на градот Мандалај, на длабочина од околу 20 километри. Големиот земјотрес беше почувствуван и во Тајланд и во други азиски земји. Неколку минути подоцна уследи втор земјотрес со интензитет од 6,4 степени. Според најновите податоци во земјотресот загинаа 2.719 луѓе, 4.521 лице се повредени, а 441 се водат како исчезнати.  ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан