• понеделник, 23 декември 2024

Сочувство од премиерот Мицкоски до семејствата за загинатите во несреќата во Нови Сад

Сочувство од премиерот Мицкоски до семејствата за загинатите во несреќата во Нови Сад

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад. 

- Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и со сите повредени. Од името на Владата и од мое лично име, упатувам најискрено сочувство до семејствата на настраданите. Нека им биде лесна земјата на оние кои ги загубија своите животи, а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување. Во овие моменти на тага, стоиме заедно со нашите соседи и пријатели од Србија. Нека оваа трагедија не потсети на важноста од меѓусебна поддршка и солидарност, пишува во објавата на Фејсбук.

Во несреќата во Нови Сад при уривање на настрешница на железничката станица загинаа 14 лица меѓу кои и еден Македонец. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан