• сабота, 23 ноември 2024

Сочувство од премиерот Ковачевски за загинатите во експлозијата во Истанбул

Сочувство од премиерот Ковачевски за загинатите во експлозијата во Истанбул
Скопје, 13 ноември 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски упати сочувство до турскиот народ за загинатите во денешната експлозија во Истанбул. - Упатувам длабоко сочувство до братскиот турски народ, до семејствата на загинатите, до градоначалникот на Истанбул и до турскиот претседател по денешната експлозија во срцето на Истанбул, напиша Ковачевски на Твитер. Четири лица загинаа, а 38 се повредени во експлозијата што денеска се случи во најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал, изјави гувернерот на Истанбул, Али Јерликај. Како што јави турската телевизија НТВ, експлозијата се случила нешто по 16 часот по локално време, кога улицата била преполна. ев/вј/

Остани поврзан