• четврток, 26 декември 2024

Сочувство од Пендаровски, Заев и Стефоска за смртта на актерката Сабина Ајрула Тозија

Сочувство од Пендаровски, Заев и Стефоска за смртта на актерката Сабина Ајрула Тозија
Скопје, 11 август 2021 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерката за култура Ирена Стефоска, преку социјалната мрежа „Фејсбук“, изразија жалење и сочуство за смртта на актерката Сабина Ајрула Тозија. Претседателот Пендаровски на својот профил истакна дека смртта на Сабина е голема загуба за македонската драмска, филмска и културна сцена, но, дека споменот за неа ќе продолжи да живее меѓу публиката, драмските уметници, режисери и продуценти. -Ми беше голема чест што Сабина ја прифати мојата покана да биде член на Комисијата за одликувања и признанија на Претседателот на Република Северна Македонија. Нека почива во мир, напиша тој. Според премиерот Заев, Сабина заслужува вечен аплауз и длабок поклон за нејзиниот артистички оган со кој им вдахна животворен дух на стотина театарски, филмски и телевизиски ликови, кои засекогаш ќе бидат запаметени. -Со огромно жалење ја примив веста за заминувањето на една од нашите најпознати актерки и доајен на театарската уметност во земјава. Сабина Ајрула Тозија си замина од сцената, оставајќи маркантни траги на театарската сцена кои се инспирација за сите генерации после неа, стои во објавата. И министерката за култура изрази жалење, со потсетување дека Сабина е ретка ѕвезда на нашите простори која има стигнато до грандиозните турски продукции. Актерката Сабина Ајрула Тозија е родена во Скопје на 17 април 1946 година. Почина вчера на 75- годишна возраст. свс/вг/

Остани поврзан