• сабота, 23 ноември 2024

Социјалната мрежа Телеграм суспендирана во Бразил

Социјалната мрежа Телеграм суспендирана во Бразил

Рио де Жанеиро, 27 април 2023 (МИА) - Суд во Бразил денеска нареди суспензија на мрежата Телеграм низ целата држава, откако оваа платформа за пораки не им достави на властите информации за неонацистичките групи кои се активни на неа.

Информацијата ја споделија француските медиуми од извори во бразилската Влада и правосудството.

Како дел од истрагата „за неонацистички групи присутни на социјалните мрежи, (...) беше наредено суспендирање на Телеграм, со оглед дека оваа мрежа не одговори на барањата“, изјави на прес-конференција министерот за правда Флавио Дино. сд/

 

Остани поврзан