• вторник, 24 декември 2024

Социјалистичката партија им ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ

Социјалистичката партија им ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 8 мај 2024

Социјалистичката партија на Македонија ѝ ја честите победата на новата Македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова.

Истовремено ја честита и победата на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од новиот македонски премиер Христијан Мицкоски.

Со цврстата решеност и подготвеност македонскиот народ самостојно одлучи да ја определи својата иднина и иднината на државата, покажа висока свест и одговорност за што искрено му честитаме.

Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека сплотеноста и единство на народот се основата за опстојување и сочувување на македонската држава.

Народот ја препозна и прифати за своја Колацијата „Твоја Македонија“ и гласаше за неа за да обезбеди стабилност, просперитет и европски развој на Македонија.

Со силата и волјата на народот здружено ќе се реализира Програмата 1198 на Коалицијата за да се обезбеди иднината и развојот на државата и граѓаните.

Социјалистичката партија на Македонија ги поздравува сите граѓани и членови на партијата кои несебично се ангажираа во остварувањето на предизборните активности и им ја честита оваа драгоцена изборна победа.

Да живее слободна, горда и просперитетна Македонија!

Социјалистичка партија 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан