• четврток, 19 декември 2024

Социо-еколошки форум во Скопје

Социо-еколошки форум во Скопје

Скопје, 11 ноември 2023 (МИА) - Енергетските политики на земјите од Западен Балкан и Европската Унија, се тема на третиот Социо-еколошки форум (СЕФ) што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Меѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес - Институтот за социјална демократија. 
 
На агендата на форумот се предизвиците во поглед на животната средина, зелената агенда, промовирањето на социјалната кохезија преку инвестиции во вработување, квалитетни и инклузивно образование и висококвалитетни услуги за социјална инклузија и заштита. 
 
Организаторите најавуваат учество на директорот на ФЕС Дијалог Југоисточна Европа Рене Шлее, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, градоначалниците на Центар Горан Герасимовски, на Валандово Перо Костадинов, пратеникот во македонското Собрание Диме Велковски, шведската пратеничка Лена Бакелин и албанскиот пратеник Дамиан Ѓикнури.

- Социо-еколошкиот форум Скопје е платформа за размена на прогресивни идеи, што им овозможува на високите претставници и носители на одлуки од регионот на Западен Балкан и ЕУ да разговараат за потребите и можностите за социјално-праведна енергетска трансформација, која ќе ги зајакне сигурноста на земјите во снабдувањето со енергија, ќе овозможи одржлив развој на економиите и ќе стави крај на ограничениот пристап и сите предизвици што ги носи употребата на фосилните горива, особено видливи во регионот, информираат организаторите.лв/мд/

Остани поврзан