• среда, 25 декември 2024

Сотировски ќе учествува на Националниот молитвен појадок во САД

Сотировски ќе учествува на Националниот молитвен појадок во САД
Скопје, 4 февруари 2020 (МИА) - Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски ќе учествува на 68-от Национален молитвен појадок во Соединетите Американски Држави. Во рамките на посетата, како што се наведува во соопштението, Сотировски ќе оствари средби со Џил Диетрих, деск офицер за земјава во Стејт департментот, со претставници на Kомисијата на САД за меѓународни религиски слободи и со конгресменот Роберт Адерхолд. -Директорот Сотировски ќе учествува и на европскиот собир и собирот на регионот на југоисточна Европа кој се одржува во рамки на Националниот молитвен појадок. По завршувањето на меѓународната агенда, ќе оствари средби и со претставници на неколку македонски црковни општини во САД, информираат од Владата. Националниот молитвен појадок е традиционална манифестација на која секоја година присуствуваат повеќе од 3.500 гости, претседатели, премиери, политичари, претставници од бизнис секторот, верски лидери и истакнати личности кои дебатираат на различни политички и социјални теми.бт/скс/

Остани поврзан