• среда, 13 ноември 2024

Сотировски учествува на Самит за религиски слободи во Вашингтон

Сотировски учествува на Самит за религиски слободи во Вашингтон
Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) - Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски учествува на  Меѓународиот самит за религиски слободи во Вашингтон кој ги обединува водечките авторитети од светот кои се залагаат за почитување и заштита на неприкосновените религиски слободи и права, за дијалог, соработка и развој. -Сотировски имаше чест да се обрати на пленарната сесија на Самитот каде се осврна на македонскиот модел на односи со црквите и верските заедници, постигнатите резултати на Комисијата и поставените цели, притоа претставувајќи ја поволната состојба, како и големото историско придвижување во македонското црковно прашање, признавањето и влегувањето во канонско единство на МПЦ-ОА со останатите православни цркви, како и конструктивната соработка со Католичката црква, Исламската верска заедница, Еврејската заедница и протестантските цркви, соопшти Комисијата. Сотировски нагласи дека демократскиот свет мора со поголема сериозност да пристапи кон се почестата појава на религиозен радикализам, кој особено навлегува под превезот на гарантираните човекови права и слободи. хс/са/

Остани поврзан