• среда, 18 декември 2024

Сотировски се сретна со г. г. Стефан: Сè е подготвено за денот кога ќе се официјализира одлуката за прифаќање на нашата Охридска архиепископија во литургиско и канонско единство

Сотировски се сретна со г. г. Стефан: Сè е подготвено за денот кога ќе се официјализира одлуката за прифаќање на нашата Охридска архиепископија во литургиско и канонско единство
Скопје, 7 јуни 2022 (МИА) - Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, денеска се сретна со архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан. На средбата беше споделена радоста од позитивниот развој на процесот на препознавање и прифаќање на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, соопштија од Комисијата. - Во пресрет на долгоочекуваното сослужување на МПЦ-ОА со Вселенската патријаршија на 12 јуни во патријаршиското седиште во Фанар, се разгледаа досега преземените подготвителни активности, по што се заклучи дека сè е подготвено за големиот ден кога ќе се официјализира историската одлука на Неговата Сесветост вселенскиот патријарх г. Вартоломеј за прифаќање на нашата славна и древна Охридска архиепископија во литургиско и канонско единство, информираат од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. рп/ац/

Остани поврзан