• недела, 01 септември 2024

Сотировски: Празничната радост да ги огрее срцата и да ги исполни со љубов и христијанска доблест

Сотировски: Празничната радост да ги огрее срцата и да ги исполни со љубов и христијанска доблест
Скопје, 6 јануари 2021 (МИА) - Нека празничната радост ги огрее срцата и нека ги исполни со љубов и христијанска доблест. Нека ни даде сила и мудрост да се справиме со предизвиците што ги носи денешното време, а во секого од нас здравје, трпение и мир. Ова го порача директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски во божиќната честитка упатена до архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и до свештенството и монаштвото, до граѓаните од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар. -И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина“ (Јн. 1,14). Дозволете во овие возвишени празнични моменти од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од свое име да Ви ги пренесам искрените честитки по повод Христовото рождество – Божиќ и да Ве поздравам со: Христос се роди!, напиша Сотировски во божиќната честитка. ац/

Остани поврзан