• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Состојбата со владеењето на правото во фокус на средбата меѓу претседателката на Уставен суд Кацарска со австрискиот амбасадор Памер

Состојбата со владеењето на правото во фокус на средбата меѓу претседателката на Уставен суд Кацарска со австрискиот амбасадор Памер

Скопје, 8 декември 2023 (МИА) - Состојбата со владеењето на правото и политиката на имплементирање на законите во Република Северна Македонија, со акцент на примената на Кривичниот законик, почитувањето на слободите и правата на граѓаните биле во фокусот на средбата на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска со претставници амбасадата на Република Австрија предводена од амбасадорот Мартин Памер и Георг Става, специјалист за судски реформи и владеење на правото во ЈИЕ при австриската амбасада во Белград. 

Како што соопштуваат денеска од Уставен суд, претставниците на амбасадите на Република Австрија од Скопје и Белград, изразиле поддршка за работењето на Уставниот суд на Република Северна Македонија акцентирајќи ја неговата улога во правниот поредок на државата.

- Става кој долги години работел како судија а своевремено и претседател на CEPEJ (Европската комисија за ефикасност на правдата на Советот на Европа), сподели задоволство од одржувањето на средбата со претседателката Кацарска и потенцираше дека чесните, професионални судии кои носат праведни одлуки се единствените кои ќе ја заштитат честа и угледот на судството, наведуваат од Уставен.

На средбата, покрај амбасадорот Памер, присуствувале Аташе Манфред Јурчевиќ и Јасна Стојковска од Канцеларијата на полициското Аташе при Австриска Амбасада во Скопје, генералниот секретар на Судот, Александар Лазов и портпаролката Христина Беловска. ар/дма/

Фото: Уставен суд

Остани поврзан