• четврток, 26 декември 2024

Состанок на ЛДК по свикувањето на собраниската седница за гласање на влада

Состанок на ЛДК по свикувањето на собраниската седница за гласање на влада
Приштина, 31 јануари 2020 (МИА) – Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) без претходна најава го собра денеска партиското раководство, откако претседателството на Собранието на Косово за в понеделник ја закажа пленарната седница, на која ќе се гласа за предлогот на мандатарот за премиер и лидер на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти за составот на новата влада, јави дописникот на МИА од Приштина. Порталот „Газета експрес“ јави дека нешто по 12 часот, во партиското седиште во Приштина се видени како влегуваат Мустафа, потпретседателката Вјоса Османи и членовите на Претседателството на ЛДК Авдулах Хоти, Арбен Гаши, Исмет Беќири и Хаџи Авдиу. Собраниската седница, свикана на барање на Курти, ќе се одржи в понеделник, 3 февруари, со почеток во 11 часот. Курти побара одржување на пленарна седница, на која ќе го предложи составот на неговиот кабинет, и покрај тоа што се уште нема постигнато договор за коалиција со ЛДК, и по три и пол месеци преговори од одржувањето на изборите. Двете досега опозициски партии, ВВ и ЛДК, кои победија на изборите одржани на 6 октомври, не успеваат да се согласат за формирање заедничка влада, поради недоразбирања околу поделбата на државните функции. иа/гт/

Остани поврзан