• сабота, 27 јули 2024

Состанок на Зелен институт со членови на Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата

Состанок на Зелен институт со членови на Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата

Скопје, 15 септември 2023 (МИА) - На барање на Зелен институт како носител на проектот „Повеќе зеленило за отпорно Скопје“, денеска во Парламентот ќе се одржи состанок со членови на Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени.

На состанокот што е организиран преку Татјана Чакулев, координаторка на групата од граѓанскиот сектор, ќе се разговара за реформи на регулативата за урбано зеленило, урбанистичко планирање и градење.

Пред Интерпартиската парламентарна група ќе бидат претставени барањата за измена на Законот за урбано зеленило (2018) и усогласување со Законот за урбанистичко планирање, со Законот за градење и со Законот за прекршоци. дма/лв/

Фото:МИА архива

Остани поврзан