• сабота, 21 декември 2024

Состанок на владиниот совет за национална безбедност на Грција

Состанок на владиниот совет за национална безбедност на Грција
Атина, 12 октомври 2022 (МИА) – Со континуираното провокативно однесување на Турција, се справуваме со смиреност и решителност, соопшти портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, по денешната редовна седница на владиниот совет за национална безбедност, свикан од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, состанок на кој станало збор и за односите со Турција, јави дописничката на МИА од Атина. На состанокот, според Иконому се разговаралео за одобрување и напредокот на спроведувањето на програмите за опрема, како и надградба на системите на вооружените сили и крајбрежната стража, за проширувањето на оградата на границата со Турција кај Еврос, но и за „континуираното провокативно однесување на Турција во нашиот регион и југоисточниот Медитеран“. Однесување со кое, како што соопшти владиниот портпарол, Грција се справува со смиреност и решителност. На денешниот состанок присуствувале министрите за надворешни работи, за национална одбрана, за заштита на граѓаните, за миграција и азил, за поморство, климатски кризи и цивилна заштита, како и државниот министер, заменик министрите под премиерот, началникот на Националната разузнавачка служба, началникот на Генералштабот на армијата, директорката на дипломатската канцеларија на премиерот и советникот за национална безбедност. ср/зш/

Остани поврзан