• среда, 18 декември 2024

Состанок за иднината на Сирија, но без претставници на новите сириски власти

Состанок за иднината на Сирија, но без претставници на новите сириски власти

Аман, 14 декември 2024 (МИА) - Министрите за надворешни работи на неколку арапски земји денеска во Јордан се среќаваат со меѓународни претставници за да разговараат за иднината на Сирија, но без присуство на претставници на новите сириски власти.

Јорданското Министерство за надворешни работи соопшти дека целта на средбата е да се истражат начини за поддршка на земјата за време на преодната фаза по падот на долгогодишниот режим на Башар ал Асад. Треба да се разговара како да се гарантира инклузивен политички процес во Сирија, кој ќе ги вклучи сите групи во земјата.

Според јордански извори, на состанокот ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на Јордан, Саудиска Арабија, Ирак, Либан, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Катар. Арапските претставници треба да се сретнат со шефовите на дипломатиите на Турција и САД, Хакан Фидан и Антони Блинкен во градот Акаба.

На состанокот ќе учествува и претставничката на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, како и специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан