• сабота, 16 ноември 2024

Состанок во Виена на производителите на електрична енергија од Енергетската заедница

Состанок во Виена на производителите на електрична енергија од Енергетската заедница
Скопје, 13 мај 2022 (МИА) - Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски учествуваше на четвртиот кординативен состанок на компаниите за производство на електрична енергија на Енергетската заедница кој се одржа во Виена. Ковачевски на состанокот ја презентирал актуелната состојба со електро-енергетскиот систем во Република Северна Македонија, со акцент на менаџирањето на енергетската криза, односно кризата со електрична и со топлинска енергија. -На состанокот, Северна Македонија е оценета како една од подобрите држави во однос на менаџирањето на енергетската криза, со силна поддршка од Владата и со АД ЕСМ како носител на сите проекти за справување со кризата, се наведува во соопштението  од АД Електрани на Северна Македонија. Во заклучоците од состанокот е констатирано дека претстои тешка 2022 година и тешка следна грејна сезона. Била постигната согласност дека е потребна подобра и навремена подготвеност на сите држави во регионот за стабилна продукција и испорака на енергија, особено за грејната сезона 2022/23 година. дма/лв/      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан