• недела, 24 ноември 2024

Соработка со Словачка за дигитализацијата на јавната администрација 

Соработка со Словачка за дигитализацијата на јавната администрација 
Скопје, 31 мај 2021 (МИА)- Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и амбасадорот на Република Словачка, Хенрик Маркуш, денеска потпишаа Меморандум за соработка за имплементација на проектот „Трансфер на знаење за дигитализацијата во јавната администрација во земјите од Западен Балкан“. Како што информираат од МИОА, целта на проектот е да се пренесат реформските искуства на Словачка и поддршка за ефикасно функционирање на државната администрација во областа на дигитализацијата, согласно интеграцискиот процес на Европската Унија. -Соработката ќе резултира со одржување на работилници на кои ќе учествуваат вработените во јавната администрација, како и завршна конференција. Трошоците ќе бидат покриени од страна на т.н. „Словачка помош“(SlovakAid)- Официјална развојна помош на Словачката Република. Процесот на дигитализација е една од клучните определби на МИОА опфатени и со Реформата на јавната администрација 2018-2022, поради што унапредувањето на знаењата на вработените во јавната администрација е приоритет, истакнал министерот Шаќири. Дигитализацијата на процесите во јавната администрација, посочил Шаќири, е од клучно значење за дигитализацијата на општеството во целина -Министерот Шаќири му се заблагодари на амбасадорот Маркуш за одличната соработка, истакнувајќи дека овој убав гест на пријателство од страна на Словачката амбасада е од големо значење за остварување на целите на Владата на Република Северна Македонија кои се однесуваат на подобрување на квалитетот на испорака на јавните услуги преку нивно дигитализирање, стои во соопштението.свс/лв/

Остани поврзан