• среда, 27 ноември 2024

Сопственикот на Нотингем Форест обвинет за недолично однесување

Сопственикот на Нотингем Форест обвинет за недолично однесување


Лондон, 4 октомври 2024 (МИА) – Сопственикот на премиерлигашот Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, е обвинет од Англиската фудбалска асоцијација (ФА) за недолично однесување по поразот на неговиот тим од Фулам на 28 септември.
ФА соопшти дека 57-годишниот грчки бизнисмен реагирал несоодветно во тунелот на стадионот по последниот свиреж на судијата.
Англиските медиуми јавуваат дека Маринакис има рок до 7 октомври да одговори на обвинението.
Нотингем Форест загуби со 0-1 со гол од пенал што го досуди судијата Џош Смит по повик од ВАР собата.
По воведните шест кола во Премиерлигата, Нотингем Форест е на 10. место со девет бодови.ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан