• четврток, 26 декември 2024

Сопственикот на Наполи сака да го ангажира тренерот Пиоли

Сопственикот на Наполи сака да го ангажира тренерот Пиоли

 

Неапол, 9 февруари 2024 (МИА) – Претседателот на актуелниот италијански фудбалски првак Наполи, Аурелио Де Лаурентис, ја разгледува можноста да го ангажира тренерот Стефано Пиоли, кој најверојатно ова лето ќе ја напушти клупата на Милан.

Пиоли има договор со Милан до 2025 година, но е под притисок бидејќи клубот од Милано заостанува во битката за титулата, а доживеа и елиминација во Лигата на шампиони.

Италијанските медиуми изминатиот период шпекулираа дека Пиоли во јуни ќе го напушти Сан Сиро, а како негови можни наследници се споменуваа Антонио Конте и Хулен Лопатеги

Од друга страна, весникот Ил Матино објави дека првиот човек на Наполи исклучително ја цени работата на Пиоли и разгледува можност да го донесе на клупата за следната сезона. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан