• петок, 08 ноември 2024

Сопственикот на Астон Мартин против проширување на Ф1

Сопственикот на Астон Мартин против проширување на Ф1

Лондон, 5 октомври 2023 (МИА) – Сопственикот на тимот Астон Мартин, Лоренс Строл, се противи на проширување на Формула 1 од сегашни десет на 11 тимови, со образложение дека „Ф1 никогаш не била во подобра состојба“.

Реакцијата на првиот човек на Астон Мартин доаѓа откако Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) ја одобри кандидатурата на Андрети Формула Рејсинг и ја проследи до носителите на комерцијалните права на разгледување

- Мислам дека Ф1 во овој момент гори, никогаш не била на подобро место. Моето мислење е дека моторот не треба да се поправа ако не е во дефект. Значи, цврсто верувам дека сега сè функционира добро со десет екипи и верувам дека така треба и да остане, изјави Строл за „Скај Спорт“.

Андрети ја здружи својата кандидатура со „Џенерал Моторс“ и нивниот бренд „Кадилак“, а желбата им е да влезат во натпреварувањата во Ф1 во 2025 година. ег/ми/

фотт: Фејсбук

Остани поврзан