• четврток, 26 декември 2024

Сопругата на претседателот учествуваше во хуманитарна акција

Сопругата на претседателот учествуваше во хуманитарна акција
Скопје, 14 септември 2021 (МИА) - Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска денеска донираше хуманитарни пакети, а генералниот секретар во кабинетот на претседателот Миле Бошњаковски даруваше крв во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во рамки на акцијата за дарување на крв и донирање на храна во знак на сеќавање на 11 септември, како и за одговарање на потребите на заедниците во земјава. Акцијата, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се организира по тринаесетти пат од Амбасадата на САД во партнерство со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина. - Со донациите ќе му се помогне на Црвениот крст да им обезбеди храна и други потребни нешта за претстојните зимски месеци на семејствата кои за тоа имаат потреба. Исто така, ќе му се помогне на Црвениот крст да воспостави поголема мрежа на крводарители во Северна Македонија со цел да се исполнат идните барања со снабдување на крв, се наведува во соопштението. мс/са/

Остани поврзан