• четврток, 26 декември 2024

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се сретна со жени претприемачки

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се сретна со жени претприемачки
Скопје, 20 април 2022 (МИА)Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска во Скопје и Тетово оствари средби со жени претприемачки кои го негуваат и пренесуваат културното наследство преку изработка на уникатни ракотворби на традиционални македонски и албански народни носии. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, посетата на жени претприемачки е во организација на Центарот за управување со промени по повод Денот на културното наследство и се реализира во рамки на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“, а е дел од поддршката на сопругата на претседателот во промоција и развој на женското претприемништво во нашата земја. Во рамки на посетата, Ѓоргиевска ја посети антикварницата на Катерина Трајковска Стоименова во Старата скопска чаршија, дуќанот за традиционална албанска носија на Белка Мустафа во Горна чаршија во Тетово, а оствари средба и со колекционерката на традиционална албанска носија Зејна Халими, којашто презентираше албански носии од Кичево и регионот на Река.   - Целта на посетата е да се промовира вредната работа на вештите жени кои успеваат да ги задржат и оживеат заборавените традиционални вештини и успеваат на модерен начин, преку креативни ремек дела на бои, ткаенини и везови, да го сочуваат културното богатство, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот. мд/лв/    

Остани поврзан