• среда, 27 ноември 2024

Сопругата на Меси се противи на преселбата на нејзиниот сопруг во Ал Хилал

Сопругата на Меси се противи на преселбата на нејзиниот сопруг во Ал Хилал

Париз, 9 мај 2023 (МИА) - Антонела Рокузо, сопругата на напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, е против преселбата на играчот во Ал-Хилал. Според „L'Equipe“ Рокузо не сака да се пресели во Саудиска Арабија со три мали сина.

 

Фудбалерот претходно сериозно размислуваше за можноста да се пресели во Ал-Хилал. Во моментов аргентинскиот напаѓач не брза со одлука.

 

Вчера се дозна дека Меси добил рекордна понуда од Саудиска Арабија.

Актуелниот договор на фудбалерот со ПСЖ е до летото 2023 година.

 

Враќањето во Барселона е потенцијална опција, но овој потег е многу проблематичен за каталонскиот клуб поради лошата финансиската состојба. 

 

Меси оваа сезона одигра 37 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 20 гола и 19 асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан