• сабота, 23 ноември 2024

Сопругата на Имран Кан обвинета за корупција

Сопругата на Имран Кан обвинета за корупција

Исламабад, 16 мај 2023 (МИА) - Бушра Кан, сопругата на поранешниот пакистански премиер Имран Кан, е обвинета за корупција во истиот случај што доведе до негово апсење на 9 мај.

Британските медиуми наведуваат дека Имран Кан вчера ја придружувал сопругата до судот, каде и беше одредена кауција.

Бушра Кан е позната по нејзината духовност и приврзаност кон суфизмот, мистична форма на исламот, а нејзиниот сопруг често ја нарекуваше негов духовен водач, наведуваат британските медиуми.

Бушра, иналку поранешна играчка на крикет, откако се ожени со Имран, последните децении ретко се појавуваше во јавноста.

Пакистанскиот суд минатата недела нареди ослободување на поранешниот премиер Имран Кан со кауција во траење од две недели, откако неговото апсење за наводна измама со земјиште предизвика масовни протести.

Апсењето, што Врховниот суд го прогласи за „невалидно и незаконско“, поттикна нестабилност во нацијата од 220 милиони луѓе, која е зафатена од економска криза, рекордна инфлација и одложено финансирање од ММФ, додаваат британските медиуми. сд/

Остани поврзан