• четврток, 26 декември 2024

Сопругата на Зеленски хоспитализирана поради Ковид-19

Сопругата на Зеленски хоспитализирана поради Ковид-19
Киев, 16 јуни 2020 (МИА) - Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска, е хоспитализирана со Ковид-19 и пневмонија, соопшти денеска претседателскиот Кабинет. Состојбата на Зеленска (42) е стабилна, има билатерална пневмонија со „умерена сериозност“ и може да дише без респиратор, се вели во соопштението. Украинските медиуми пред четири дена јавија дека сопругата на украинскиот претседател е позитивна за коронавирусот, а кабинетот на претседателот подоцна соопшти дека се тестирани и Зеленски и нивните деца, и оти биле негативни. Во првите денови Олена Зеленска немала никакви симптоми и се чувствувала добро. Во Украина досега има повеќе од 30.000 заразени со коронавирусот, од кои повеќе од 900 лица починале. јт/

Остани поврзан