• среда, 13 ноември 2024

Соопштение од ФИНКИ испратено до Владата и Министерството за образование и наука

Соопштение од ФИНКИ испратено до Владата и Министерството за образование и наука

18 март 

До Министерство за образование и наука 

Генерален секретаријат на Владата на РСМ 

Владата на Република Северна Македонија

                                                СООПШТЕНИЕ

Управата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на седницата одржана на 18.03.2024 година, на која се расправаше за односот на Владата и Министерството за образование и наука кон барањето за привремено надминување на просторниот проблем на најголемиот технички факултет во Република Северна Македонија со над 5000 активни студенти, ги донесе следните заклучоци:

1. Факултетот бара Владата на Република Северна Македонија на следната седница да донесе одлука за давање на времено или трајно користење, без надоместок, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ФИНКИ) на објектот кој се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, согласно барањето испратено од Факултетот до Владата на 19.5.2023.

2. Факултетот бара Владата на Република Северна Македонија да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од 3 месеци да обезбеди простор и изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на Министерството.

3. Доколку Владата на следната седница не донесе позитивна одлука по барањето на Факултетот, односно повторно ја одложи точката која е од суштествено значење за нормално спроведување на наставата на Факултетот, ќе бидеме приморани да преземе порадикални мерки. Факултетот задржува право, до остварување на овие барања, јавно да го искажува своето незадоволство со одржување на протести и штрајк.

Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ФИНКИ 

Остани поврзан