• петок, 27 декември 2024

Соопштение од Синдикатот на самостојните јавни научни установи

Соопштение од Синдикатот на самостојните јавни научни установи

28 февруари 2024 

Синдикатот на самостојните јавни научни установи ја поздравува извојувана долга и макотрпна битка на Сојузот на синдикати на УКИМ, со којашто успеаја барем малку да го вратат достоинството на професијата универзитетски професор.

Ние како синдикат на вработените во седумте јавни научни установи од национален интерес кои реализираат и програми од втор и трет циклус на студии (ЈНУ Институтот за национална историја, ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирко”- Скопје, ЈНУ Институт за македонска литература, ЈНУ Институт за старословенска култура, ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков", ЈНУ Институт за духовно и културно и наследство на Албанците и ЈНУ Хидробиолошкиот завод), го повикуваме Министерот за образование и наука и Владата на РМ да ја следат оваа позитивна практика и да престанат да ги игнорираат барањата на нашите вработени. Конечно да го прифатат барањето за средба на којашто ќе разговараме за унапредување на правата на вработените во јавните научи установи, кои во услови на економска криза и двоцифрената инфлација се доведени до раб на егзистенција.

Игнорирањето од страна на ресорното министерство е непочитување на обврската за потпишување на Спогодба со што би се амортизирале зголемените животни трошоци нè доведе во ситуација денес асистент докторанд да зема плата далеку пониска од просечната, а дел од административниот кадар да зема плати пониски од законски утврдената минимална плата. Ваквиот однос спрема научните работници и административниот кадар од јавните научни установи од национален интерес е крајно дискриминирачки и е незамислив за земја која што има амбиции да се приклучи кон европското друштво.

Затоа уште еднаш го повикуваме Министерот за образование и наука, час поскоро да го потпише новиот колективен договор за вработените во јавните научни установи, со што би се отстранило самоволието на идните Министри за потпишување на спогодба.

Со почит,

Синдикат на самостојните јавни научни установи

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан