• среда, 18 декември 2024

Соопштение од директорката на Детска клиника Фуштиќ во врска со состојбата на пациент со цистична фиброза

Соопштение од директорката на Детска клиника Фуштиќ во врска со состојбата на пациент со цистична фиброза

Скопје, 14 април 2023

Поради зачестените јавувања во медиумите и социјалните мрежи на пациентот со цистична фиброза И.П. и изјавите дека е во критична состојба , како одговорен доктор за неговото здравје додека е хоспитализиран на Универзитетската клиника за детски болести , сакам да изјавам следното: И.П. е во стабилна состојба, со умерено засегната белодробна функција (FEV1=70% од предвидениот) и е предвиден за испишување од клиниката утре (15.04.2023). Со спроведување на препишаните терапии и редовна физикална терапија, може да се одржува стабилен.

Модулаторната терапија (Kaftrio во комбинација со Kalydeco) ќе започне да ја прима кога ќе биде достапна и за пациентите со умерена белодробна болест. Во првата фаза започнавме со терапија кај пациентите со потешка белодробна болест (FEV1 околу 40% од предвидениот).

Проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ, в.д. Медицински директор на Универзитетската клиника за детски болести

___________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан