• среда, 09 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сообраќајот тековно, зголемена фреквенција на ГП „Табановце“ и „Богородица“

Сообраќајот тековно, зголемена фреквенција на ГП  „Табановце“ и „Богородица“

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан