• среда, 27 ноември 2024

Сообраќајот се одвива непречено, на ГП Табановце зголемена фреквенција на возила

Сообраќајот се одвива непречено, на ГП Табановце зголемена фреквенција на возила

Скопје, 25 август 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан