• вторник, 12 ноември 2024

Сообраќајот по претежно влажни коловози

Сообраќајот по претежно влажни коловози

Скопје, 7 март 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која започна на 15.11.2023 година, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15.03.2024 година. 

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан