Сообраќајот по наместа влажни коловози, можна е појава на голомразица
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречно по наместа влажни коловози. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.
![Сообраќајот по наместа влажни коловози, можна е појава на голомразица](https://new.mia.mk/index.php/images/20221105185456_big_730x400_43.webp )
Скопје, 20 јануари 2021 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречно по наместа влажни коловози. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица, соопшти Автомотосојузот на Македонија во вечерниот извештај за состојбата на патиштата.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира да се вози внимателно со прилагодена брзина според условите на патот. Истакнуават дека нивни дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. ки/лв/