• недела, 24 ноември 2024

Сообраќајот по влажни коловози, поради снег забрана за камиони на дел од патиштата

Сообраќајот по влажни коловози, поради снег забрана за камиони на дел од патиштата
Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а снег врне во Крива Паланка, Страцин, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар, информира ЈП „Македонијапат“. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Дежурните екипи на „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Поради врнежи од снег попладне од 15:50 часот на патниот правец Гостивар-Стража е воведена забрана за товарни моторни возила, соопшти претходно Автомотосојузот на Македонија. Во 15 часот, беше воведена забрана за камиони и на патот Маврово – Дебар. Невремето проследено со силен ветер, дожд и повремено со снег, што го зафати попладнево подрачјето на Дебар, Река и Жупа предизвка помали одрони на патните правци во овој регион, поради што од дебарската секција на „Македонија пат“ препорачуваат многу внимателно возење, посебно по клисурата на реката Радика.ир/лв/

Остани поврзан