Сообраќајот непречено, по наместа влажни коловози
- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Скопје, 13 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Виница - Берово и Кочани - Делчево.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба.лв/
фото: МИА архива