• понеделник, 29 јули 2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови

Скопје, 6 јануари 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, соопштија од ЈП „Македонија пат“.

Како што информираат, по усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

-Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, соопштија од ЈП „Македонија пат“.бт/нд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан