• среда, 04 декември 2024

Сообраќајот на државните патишта по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта по наместа влажни коловози

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира Автомотосојузот на Македонија. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ известува дека сообраќајот кон Пониква и кон село Бели се одвива непречено, по една коловозна лента.

-Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини, информира АМСМ. хс/цр/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан