• недела, 24 ноември 2024

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози

Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Во период од 18 август до 12 септември сообраќајот на патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица поради изведување градежни работи е во прекин помеѓу 09:00 и 15:30 часот. Работите се изведуваат од понеделник до петок, информира Авто-мото сојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози. Од АМСМ соопштија дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Од АМСМ додаваат дека патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 1 октомври 2022 година, за возила со вкупна маса до 3,5 тони. ки/цр  

Остани поврзан