• недела, 28 јули 2024

Сообраќајот непречено по суви коловози

Сообраќајот непречено по суви коловози
Скопе, 9 мај 2021 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Патниот правец Р2332 Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица, се уште е затворен за сообраќај за сите видови на возила. цр/

Остани поврзан