• среда, 25 декември 2024

Сообраќајна кампања за безбедност на пешаците се реализира во Кочани

Сообраќајна кампања за безбедност на пешаците се реализира во Кочани

Кочани, 18 јули 2024 (МИА) – Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во координација со полициски службеници од Полициската станица од Кочани ја реализираат кампањата „И јас и ти – сите сме пешаци!“.

На локација кај Градскиот плоштад денеска стручните служби разговараа со граѓаните за зголемување на сообраќајната култура, почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализацијата, а беа поделени и едукативни материјали.

-Пешаците се најмасовната и најзагрозената категорија учесници во сообраќајот кај нас. Затоа им посветуваме поголемо внимание, при што сакаме да ги насочиме како безбедно да учествуваат во сообраќајот. Ги поучуваме, советуваме и им делиме едукативно-превентивен материјал. Според анализите најчести причини поради кои пешаците страдаат во незгоди се поминување улица надвор од пешачки премин, претрчување преку улица, користење мобилен телефон или слушалки и слични
ситуации, истакна Љубинка Ристова, секретарка на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани.

Кампањата „И јас и ти – сите сме пешаци!“ се спроведува во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факулетот за безбедност од Скопје. Покрај Кочани, ќе бидат вклучени и неколку други градови во државата, каде се регистрирани поголем број несреќи во кои учесници се пешаците. та/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан