• вторник, 17 март 2026

Сообраќајка на патот Кочани - Виница, неколку лица повредени

Сообраќајка на патот Кочани - Виница, неколку лица повредени

Кочани, 16 март 2026 (МИА) - Неколку лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи денеска на патот Кочани - Виница, во близина на угостителски објект,  помеѓу патничко возило „мазда“ и патничко возило „поло“.

Сообраќајката е пријавена во 13:44 часот во СВР Штип.

Повредените со возила на итна медицинска помош се транспортираат во Општата болница - Кочани за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата. ис/мч/

фото: МИА

Остани поврзан