• сабота, 16 ноември 2024

Повредени 16 лица во сообраќајката на патот Велес-Извор, двајца пренесени во Клинички центар во Скопје (ДПЛ)

Повредени 16 лица во сообраќајката на патот Велес-Извор, двајца пренесени во Клинички центар во Скопје (ДПЛ)

Велес, 10 ноември 2023 (МИА) - Од Секторот за внатрешни работи Велес вечерва во изјава за МИА соопштија детали за сообраќајната несреќа што се случила денеска на регионалниот пат Велес-село Извор, во која биле повредени 16 лица, од кои две се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје. 

Како што информираат од СВР Велес, денеска во 14:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – село Извор во близина на крстосница за село Војница се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од 57-годишнот Б.Н. од Скопје и комби „Фолксфаген“ со велешки регистарски таблици управувано од 65-годишен О.Ј. од село Побожје, општина Чучер Сандево.  

Како што појасни портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска, во несреќата со повреди се здобиле возачот на комбито и 13 патници, како и возачот на товарното возило и сопатникот во товарното возило, на кои им била укажана лекарска помош во Општата болница во Велес.  

Д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, претходно за МИА извести дека двајца од повредените  лица се пренесени на лекување на скопските клиники, но се надвор од животна опасност.

- Преостанатите 14 од вкупно 16 лица кои биле донесени во болницата се’ со полесни повреди, од кои некои се задржани, а некои по укажаната лекарска помош  ја напуштија  или до утре наутро ќе ја напуштат болницата и ќе си заминат дома. Со возило на Брза помош осум од повредените биле однесени на преглед во велешката Општа болница, а уште осум со приватни автомобили, информираше Левкова Ќулумова.

По овластување на јавен обвинител увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Велес. ад/лв/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан