• четврток, 29 август 2024

Сончево со умерен до засилен југоисточен ветер

Сончево со умерен до засилен југоисточен ветер
Скопје, 12 април 2020 (МИА) -  Времето во земјава прeтпладне посончево, преку денот променливо облачно со умерен до засилен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Попладне претежно во јужните и западните делови ќе има услови за локален дожд. Утринската температура ќе се движи од нула до седум степени, а дневната температура од 14 до 22 степени. Во Скопје сончево со умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до 22 степени. Под влијание на влажен бран во вторник ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе се промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег освен на планините да има и на некои повисоки места. Во среда ќе биде претежно суво, но ветровито и посвежо.

Остани поврзан