• вторник, 27 август 2024

Сончево со слаб ветер од северозападен правец

Сончево со слаб ветер од северозападен правец
Скопје, 23 ноември 2020 (МИА) - Времето наутро студено. По одделни котлини со појава на утринска магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.

Остани поврзан