• недела, 06 октомври 2024

Сончево со променлива облачност и слаб до умерен ветер

Сончево со променлива облачност и слаб до умерен ветер
Скопје, 25 октомври 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје, наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени. До средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан