• недела, 06 октомври 2024

Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец

Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец
Скопје, 5 јануари 2021 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови. Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 4, а дневната од 6 до 13 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 9 степени. Во следните денови повторно времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места претежно во западните делови. Врнежите на места ќе бидат пообилни, а на планините снежната покривка ќе се зголемува.
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан