• недела, 01 септември 2024

Сончево со мала до умерена облачност и постудено

Сончево со мала до умерена облачност и постудено
Скопје, 11 март 2021 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и постудено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне и поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. Во Скопје, претпладне претежно облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Од пладне облачноста ќе се намалува и во текот на денот ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени. Во петок и во деновите од викендот ќе преовладува стабилно и суво време со пораст на дневната температура. Нови врнежи од дожд, а на планините од снег се очекуваат во понеделник.

Остани поврзан