• понеделник, 14 октомври 2024

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност

Скопје, 13 октомври 2024 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Во наредните денови од УХМР најавуваат период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Наутро ќе биде посвежо, а од средината на работната недела и со услови за појава на утринска магла. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан