• сабота, 27 јули 2024

Сончево и топло со мала локална облачност

Сончево и топло со мала локална облачност

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 30 до 36 степени.  УВ-индексот ќе има вредност 9.

Минималната температура утринава е измерена во Лазарополе и изнесува 8 степени, а максималната во Гевгелија 18 степени.

Како што информираат од УХМР, во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 35 степени.бт/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан